779
Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна на Меѓународниот аеродром – Скопје по синоќешната победа над европскиот првак Италија.
Медиумите од Европа не штедат на зборови за храбрата игра на нашата селекција, а почнува да врие кај Трумфална порта.
Навивачи веќе го исполнија просторот и со песни се чекаат ,,рисовите”.
На нашата селекција и останува уште една пречка за пласман на СП – Португалија во вторник.
Јорданчо Цветаноски