(ФОТО) Се распаѓа оградата кај МНТ

by fokus

Откако почнаа дождовите во Скопје, повторно му зададоа главоболки на Македонскиот народен театар.

Откако минатата година прокиснаа ѕидовите од поројните дождови, сега попушти дел од оградата на оваа културна институција.

Од фотографиите можат да се забележи дека дел од оградата е изронет на неколку места, а оштетен е и дел од партерот пред Музејот на ВМРО, за кој се води судски процес против екс-министерката за култура, Елизабета-Канческа Милевска.

Поврзани новости