462
Булеварот „Илинден“ во близина на трговскиот центар „Сити Мол“ попладнево е под вода.
Од Град Скопје информираат дека станува збор за пукната цевка и дека се работи на санирање на дефектот.
-Ве известуваме дека на булевар „Илинден“ во близина на ПроКредит Банка и Сити Мол, има голем дефект, пукната е водоводна цевка F400. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се на терен и започнаа со санирање на дефектот.