(ФОТО) Се ожени министерот Бочварски: Разликата од 12 години не се чувствува, кога карактерите и размислувањата се слични!

by Fokus

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски (38) и неговата избраничка Маринела Серафимова (26), која минатата година дипломираше медицина, ја крунисаа две-годишната љубов со свадба. Фотографии од веселбата прва објави Андријана, сопругата на министерот Љупчо Николовски, со желби за среќа на парот.

Веста дека Бочварски, кој во минатото беше пратеник во Собранието и градоначалник на Штип, ја запросил својата сограѓанка Маринела, јавноста ја дозна лани, во септември. Запросувањето се случило во Штип, откако по една година заедно, во врска, тие сфатиле дека сакаат заедно да го поминат животот.

Инаку, Благој е постар од Маринела 12 години, но како што раскажуваат нивни блиски, разликата во годините воопшто не се чувствувала, бидејќи и двајцата имале слични размислувања и карактери.

Вики Клинчарова

Поврзани новости