469
Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ го извлекуваат камионот којшто утрово пропадна на плоштадот во центарот на Скопје.
Камион со товар утрово, по којзнае кој пат, пропадна на скопскиот плоштад, во близина на фонтаната „Воин на коњ“.
Јавноста веќе не се сеќава по кој пат камион пропадна на плоштадот. Последниот случај беше летово.
Првиот случај беше во 2017 година, непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад, каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон.