605
Автомобил марка „пежо“ со охридски регистарски таблички се истумбал утринава неколку километри од Општина Пласница. Возилото излетало од патот, се превртело и завршило во околните полиња.
Полициски екипи вршат увид на самото место, но од МВР се уште нема информација за повредени лица. Се очекуваат подетални инормации во текот на денот.