ФОТО Се делат колачиња на протестот пред Кривичен суд за поддршка на Филип Достовски

by fokus

Група граѓани се собраа утринава пред Кривичниот суд на протест за поддршка на активистот Фили Достовски, основач на „Зелена алтернатива“. Протестот е и против законот кој ги третира пациентите како криминалци.

Организаторите делат колачиња на кои е илустрирана билката канабис. На нивните транспаренти пишува „Војната против дрогата е војна против нас“.

Достовски е активист за легализација на марихуаната и едукатор за лекување со масло од канабис.

Филип беше приведен откако кај него полицијата пронашла канабис сатива. За денеска е закажано судско рочиште против него.

А.Т.

Поврзани новости