575
Ако на претходните избори, штабот на ВМРО-ДПМНЕ беше преполн со партиски поддржувачи и симпатизери, денес во централното партиско седиште нема никој освен новинарите.
Така е и надвор пред партиското седиште, каде не само што нема членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку е преполно со членови на СДСМ.
Со зурли и тапани, веејќи партиски знамиња, симпатизери на СДСМ дојдоа пред седиштето на партиската организација на Центар, кое се наоѓа во непосредна близина на седиштето на ДПМНЕ.
К.С.