(Фото) СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ

by Fokus

Партизацијата којашто Панче Тошковски и ДПМНЕ ја спроведувата во МВР значи шиканирање и отпуштање професионалци на сметка на партиски војници кои работат за партијата а не за државата, обвинија од СДСМ.

„Еве ја партизацијата на безбедносните служби на дело. На фотографии од партиски состанок на ДПМНЕ објавени од Јован Јаулевски на Фејсбук јасно се гледа дека учествуваат и двајца полицајци од полициската станица Струга, меѓу нив и Ѓорѓи Стојанов, кандидат за Командир.
Политички активности на полициските службеници се забранети со Закон.

Еве шанса за Тошковски, ајде да видиме дали ќе поднесе иницијтива за нивно сакнционирање“ велат од партијата.

СДСМ го повикува и Одделот за внатрешната контрола и профеисонални стандарди при МВР да поведе дисциплинска постапка.

Партизацијата на безбедносните институции којашто ја спроведува ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата, порачаа од опозициската партија.

Поврзани новости