Откако Охридското Езеро денеска утрото ги исфрли пластичните шишиња на граѓаните, реката Треска ја повтори истата слика.
Еден куп пластични шишиња и различен отпад кои претставуваат реалната слика на нашето општество, се „укотвија“ на брегот на реката Треска.
Овие фотографии се направени во близина на кичевските села Карбуница и Староец.
Локалните жители од Кичевско со загриженост не информираа за можно поклопување на изворот на реката Треска.
Како што ни порачаа тие, автопатот Кичево-Охрид е сериозна опасност за реката, а со минирањето и градежните зафати постои можност за свлечиште кое би го уништило изворот на Треска.
Пластиката секако е корисна работа за луѓето, но истовремено и многу штетен материјал за животната средина.
Потребно е многу време за нејзино распаѓање – околу 1.000 години во депониите.
- На пластичните кеси им се потребни 10-1.000 години.
- Пластичните шишиња се распаѓаат 500 години.
- Пластичните садови се распаѓаат за 20-30 години.