1.2K
Вчера официјално беше отворен овогодинешниот Саем на книга во Скопје. Со 60 издавачи и многу квалитети, љубителите на пишаниот збор се генерално задоволни од годинашната понуда.
,,Ми се допаѓа што Саемот оваа година е повеќе среден, лани делуваше хаотично. Цените се прифатливи, а насловите на некои издавачи се одлични”, велат посетителите.
Сепак, има такви кои без да купат книги го напуштаат ова место.
,,Не сум задоволен, особено од цените. Не може книга стара пет години да се продава по 400, 500 денари. Издавачите можеле малку да направат корекција на цените”, ни изјави еден од анкетираните граѓани.
Саемот започна вчера, а ќе трае до 14-ти септември, до 17 часот.
Текст и фото: Јорданчо Цветаноски