Руската полиција ги повика демонстрантите кои протестираат против инвазијата врз Украина да го напуштат плоштадот во Москва, велејќи преку звучници дека протестот не е дозволен.
Ник Робертсон од Си-Ен-Ен и тимот на терен беа сведоци на приведување луѓе од полицијата. Некои носат знаци со пораки, вклучително и повеќе натписи кои велат „Не на војната“.
Руските власти ги предупредија граѓаните дека учеството во антивоени протести може да доведе до гонење и кривични пријави.
Руските полицајци приведоа најмалку 735 лица за време на антивоените протести во 40 градови низ земјата, според мониторингот на протестите ОВД-Инфо.
„Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови“, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата. Повеќе од 330 лица се приведени во Москва.