(ФОТО) Реката Вардар матна после вчерашните дождови

by Fokus

Македонската новинска агенција објави фотографија на која може да се забележи колку реката Вардар е матна, после вчерашните дождови.

Нивото на реката  кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија, е зголемено во однос на просекот за август, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Зголемувања на водостоите се измерени и на Брегалница кај Берово и кај Штип, на Бабуна, кај Богомила и на реката Струмица кај Сушево.

Пониско ниво од просекот за август има на вливот на Лепенец, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Пчиња кај Пелинце.

Поврзани новости