ФОТО Разузнавачот уапсен под дејство на алкохол близок до Иванови

by fokus

Вработен во Агенцијата за разузнавање синоќа пред почетокот на Супер купот бил приведен на влез во арената „Филип II“ под дејство на алкохол. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведениот Благојче Ристовски почнал расправија со обезбедувањето незадоволен што предолго траел прегледот на посетителите на натпреварот.

„Најпрво го отргнал лицето врз кое што се вршел прегледот, а во исто време УПС Џелат Фазлиовски, кој што го вршел прегледот, го оттурнал на страна. Кога започнале останатите колеги да интервенират, истиот извадил службена легитимација дека е вработен во агенција за разузнавање“, велат од МВР.

Ристовски давал отпор и покрај обидите на полициските службеници да го смират, по што бил совладан, врзан со лисици и приведен во полициската станица во Кисела Вода. На алкотестот било утврдено дека приведениот има 1.06 промили алкохол. Од страна на ЈО дадена е насока настанот да се третира како „спречување на службено лице во вршење службено дејствие.“ Инаку, Агенцијата за разузнавање во која е вработен приведениот Ристовски, се наоѓа под ингеренции на претседателот на државата.

Поврзани новости