505
Папата Франциск денеска на приватна аудиенција во Ватикан го прими холивудскиот актер со италијанско потекло Силвестер Сталоне и неговото семејство, соопшти Светата столица.
Сталоне (77), ѕвезда на филмовите Роки и Рамбо, престојува со својот брат музичар Френк во Италија, каде ќе ја добие титулата почесен граѓанин на родното место на неговото семејство, Џоја дел Коле во Апулија.
Сталоне, Френк и нивните семејства се фотографираа со папата.