По осум часа потрага, утринава беше уапсен Урош Б. кој синоќа уби осум, а рани 14 лица кај Младеновац во Србија.
По интензивната акција на српската полиција која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, убиецот е пронајден во Вињиште кај Крагуевац. Тој се криел кај свој роднина.
Урош го започнал крвавиот пир на едно место кога излегол од својот автомобил и испукал рафал кон група луѓе кои седеле околу логорски оган на пикник. Продолжил и на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица кои поправале капија во еден двор.
Потоа се вратил во автомобилот и се упатил кон центарот на селото Дубона и повторно пукал, каде што убил две лица, еден полицаец кој не бил на должност и неговата сестра.
Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25) На друга територија кај Смедерево починал М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).