Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска беше во прва официјална посета на Главната команда на сојузничките сили на Европа во Монс, Белгија.
Оваа Команда е всушност главен команден центар на НАТО и сојузниците.
Пендаровски на церемонија со воени почести и интонирање на македонската химна беше пречекан од Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што имаа средба на која разговараа за безбедносните предизвици во Европа.