ФОТО: Претседателот Иванов не знае дека Зоран Заев е Премиер и повеќе не е градоначалник на општина Струмица

by fokus

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, испрати покана до Зоран Заев во која му се обраќа со „Градоначалник на општина Струмица“. Од општината реагираат на грешката на кабинетот на Претседателот Иванов, потсетувајќи го дека Зоран Заев повеќе не е Градоначалник, туку Премиер на Република Македонија.

Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на општина Струмица, испрати писмо до Иванов во кое му појасни дека вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица е тој и дека Зоран Заев од 2016 година не е Градоначалник, туку по добиениот мандат од Иванов е Премиер на Република Македонија.

Поканата од страна на Иванов е испратена по повод престојниот празник Илинден.

Поврзани новости