963
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски по завршувањето на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Битола, си купи вечера од Широк сокак – тост.
Тој се заблагодари на вработените, потенцирајќи дека му е драго што има вредни луѓе кои ги развиваат своите бизниси.
„Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола. Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера. Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома“, напиша Ковачевски.