(Фото пред и потоа) Хумани луѓе им ја вратија вербата во добрината на Спасови од Неготино!

by fokus

Четиричленото семејство Спасови од Неготино, кое до само пред помалку од два месци живееше во крајно нехумани и услови под секое човечко достоинство, полека но сигурно добива нов дом.

Со помош на хуманите граѓани и општествено одговорни компании, малата куќичка на бабата Ленче, која живее со синот, неговата сопруга и нивното пет –годишно дете, започнува да прилега на соодветен дом.

Веста за алармантната состојба на ова семејство ја објави ,,Фокус” на почетокот на мај. Тогаш, активисти од здружението за заштита на животните ,,Срце за животните – Тиквеш” не известија дека дошле по пријава на соседи на Спасови, да згрижат мали кученца. Но, кога виделе во какви услови преживува семејството, веднаш решиле да реагираат.

Беше објавена сметка за донации, а се бараа и волонтери кои ќе помогнат во средувањето на домот на Ленче, која е лица со попреченост, а исто така и нејзиниот син има одредена попреченост.

Во акцијата за помош на Спасови се вклучи и хуманистот Димитар Аврамов од Неготино, познат по низа на хуманитарни акции во регионот.
Тој информира дека поголемиот дел од работата е завршен, но сепак потребна е помош за да се дојде до финалниот резултат.

-Би сакале да споделиме информација за тоа до каде сме со нашиот проект чија цел е помош на семејството Спасови.

– Струјата и водата се потполно средени
– Сите непотребни работи од внатрешноста на куќата се исфрлени и просторот е исчистен
– Ги обеливме собите
– Им наместивме кујна
– Набавивме бојлер
– Донирани се елементи за во тоалет – Бети
– Набавивме плочки – Намаление од Пилис (но, немаме мајстор)
– Набавивме прозорци – 1 донација од Проспера
– Донација компјутер за детенцето – Влатко Матоски
– Донирани се 2 кревети – Југослав Стојиќ и Методи Сотиров
– Дониран е седмосед – Славица Шишкова
– Шкафчиња за детската соба на детенцето – Славица Шишкова
– Трпезариска маса – Светлана Јанева
Потребни ни се:
– Волонтери за работна рака
– Мајстор за лепење плочки
– Врати 90,135
– Шпорет за готвење
– Шкафови
– Детско креветче
– Правосмукалка
– Постелнина

Бабичката и целото семејство е пресреќно што постојат хумани луѓе како што сте Вие.
Затоа јавно се заблагодаруваме на сите што досега се вклучија во оваа иницијатива- порача Аврамов.

Сите кои се можност да помогнат, можат да донираат на следната сметка за донации:
240260106835040 – Уни банка
Со назнака за семејството Спасови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости