323
Пратениците почнаа да се собираат во пленарната сала во Собранието во очекување на почетокот на расправата за потребата од уставните измени со кои Бугарите треба да влезат во македонскиот Устав.
Први пристигнаа пратеничките Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ и Снежана Калеска Ванчева од СДСМ. Тие пријателски се поздравија, поразговараа и се упатија кон своите места.
Во салата пристигнуваат и министрите.