(ФОТО) Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа Џафери со „Маму ви е*ам“

by fokus

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието го пречека собранискиот претеседател Талат Џафери со транспарент и натписи со негови цитати од скандалозното обраќање кон собраниските службеници кое отиде во етер на собранискиот канал.

Главниот транспарент на ВМРО-ДПМНЕ беше со натпис „Бегај бе таму, хеј сус!“. Пратениците носеа листови со натписи како „Маму ви е*ам“.

-Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал. Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието, порача Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ побара седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за прекршувањето на Етичкиот кодекс од Талат Џафери.

Поврзани новости