573
Покривот на куќата од крушевчанецот Мате Петроски во понеделникот вечерта беше уништен од пожар, а при самиот процес на локализирање на пожарот, причинета е огромна материјална штета.
Во овие моменти, семејството Петроски немаат функционален дом, а отворена е донација за семејството Петроски што побрзо да ја санира штетата, со оглед на тоа дека доаѓаат студени денови во Македонија.
И градоначалникот на Крушево, Томе Христоски вети помош за неговиот сограѓанин, а сите хумани граѓани можат да донираат парични средства на трансакциската сметка со бр. 200001722206183- Стопанска банка А. Д. Скопје на име Мате Петроски.
Ј.Ц.