(Фото) Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

by Fokus

Пожар на граничниот премин Богородица од грчката страна. Поради тоа е затворен преминот.

Запрен е сообраќајот, поради што има гужви и од македонска страна. Во моментов колоната е до Гевгелија. Возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран“ соопшти МВР.

Поврзани новости