Во периодот околу Нова година, позелене водата во радовишкото езеро Мантово.
Зелен слој во водата ги вознемири сопствениците на викенд куќи и рекреативците од околината, а предизвика реакции и од екологистите, кои обвинуваат дека водата е позеленета поради активностите од рудникот Боров Дол.
„Ова е ефект од прашината на рудникот Боров Дол што лета насекаде и дел оди во езерото Мантово каде во допир со вода се добива оваа специфична боја на хемикалија што го труе езерото и живиот свет во него! Ова е истата боја ако сеќавате на рекичката со тиркизна боја на патот Радовиш – Штип? Го сакате ли ова на нивите во Струмичката котлина?“, прашаа од Здрава Котлина.
Инаку, Државниот инспекторат за животна средина направи два вонредни инспкециски надзора и констатирал дека водата има поинтензивно обојување.
Змени се примероци од водата од 5 различни места, а Инспекторатот го задолжио рудникот Боров Дол да ги достави резултатите од извршените мерења на квалитетот на водата од Брана Мантово.