453
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, извесен период остварува континуирани посети на општинските и месните комитети на партијата низ Македонија.
Од фотографиите од неговите посети во партиските штабови Штип, Велес, Радовиш, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Карпош, Чучер Сандево и други може да се види дека на ѕидовите во комитетите се уште виси портретот на поранешниот лидер Никола Груевски, рамо до рамо со Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански…
Сепак, во некои штабови веќе е заменет со оној на неговиот наследник Христијан Мицковски, кој деновиве во едно телевизиско интервју рече дека имало побитни работи од неговиот портрет.
Притоа, тој додаде дека во следниот период ќе се посвети на ова прашање, што очигледно се случило.