1.2K
Како дел од новиот ентериер на владата се најдоа и седум портрети на сите досегашни премиери меѓу кои најголем е оној на Никола Груевски, објави порталот СДК.
Портретите се на Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски, Никола Груевски и Емил Димитриев и тие се поставени на ѕидот пред влезот кој води во кабинетот на премиерот.
Шест од портретите се вертикални и се со иста големина, а видно поголем од другите и единствен хоризонтален е оној на Груевски, на кој е насликано и македонско знаме, пишува порталот.
Целиот ентериер на Владата е луксузно реновиран со нов ентериер, кожни фотелји, скап дрвен паркет, големи лустери и скапи врати и маси.
Реновирањето на владата чинеше 22 милиони евра.