852
Униформите на полицијата и службените полициски возила од денеска се двојазични, така што ознаките на македонски јазик се преведени и на албански јазик. Ова е согласно Законот за употреба на јазиците, кој што предвидува, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците ознаките да бидат двојазични.
За оваа промена на својот фејсбук профил се пофали вицепремиерот, Артан Груби, кој ги објави фотографиите.
Законот предвидува дека во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа ќе бидат тријазични.