ФОТО Почна протестот пред МРТВ

by Фокус

Почна протестот пред МРТВ, на кој под водство на генералот Ангелов се собраа неколку стотици граѓани.

Прв зборуваше Атанас Костовски, еден од новинарските доајени на оваа твкуќа.

„МРТВ беше јавен сервис како што доликува, и ова е обид да се врати професионализмот, таму има луѓе што тоа можат да го направат, но треба да се остават да работат, а не да бидат под притисок“ вели Костовски.

Ана Костовска пак, ја пееше песната од „Бушава азбук“а со што како што рече сакаше да покаже дека МРТВ произведуваше квалитетна и независна програма, каде беа ангажирани општествени дејци, а не како сега кога МРТВ е оставена на партиски кадри да ја водат, смета Костовска.

CAM00433

Љупчо Бубо Каров побара, како што рече „60 минути неделно информативно политичка емисија што ќе ја уредуваме ние граѓанит. Ќе се вика „Исто е а не е исто“, а ќе обработуваме како изминатата седмица 10 телевзиии ги третирале главните вести во државата за да покажаеме дека 9 од нив прикажале нарачани материјали“.

CAM00435

Поврзани новости