773
Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во Скопје. Тој беше пречекан од новиот премиер Димитар Ковачевски.
Пред посетата, Ковачевски изјави дека со Петков нема да потпишуваат договори, туку ќе работат на враќање на довербата.
Освен со Ковачевски, Петков треба да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, со спикерот Талат Џафери и со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.