727
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска ја прими третата доза вакцина против корона вирусот, информираше тој на социјалните мрежи.
„Масовната вакцинација е најсигурниот и најбезбеден начин за справување со Ковид19. Денеска, заедно со вработените во Кабинетот на претседателот ја примивме третата доза вакцина. Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето и здравјето на другите“, соопшти тој преку својот фејсбук профил.