(ФОТО) Парада на гордоста во Атина

by Fokus

Со пораки против хомофобијата, трансфобијата, расизмот, дискриминацијата и нееднаквоста, со пораките „Љубовта е слепа, а не хомофобична“; „Водете љубов, а не војна“; „Човеку, љуби“, илјадници граѓани маршираа на традиционалната парада на гордоста во Атина под слоганот „Безусловно“, за која учесниците и организаторите велат дека беше една од помасовните во изминатите години, јави дописничката на МИА од Атина.

Плоштадот Синтагма и улиците во грчката метропола беа исполнети со боите на виножитото, со музика, насмевки, но и оптимизам дека дискриминацијата ќе биде минато, а припадниците на ЛГБТ+ заедницата ќе имаат еднакви права, нешто што и самите го истакнуваат.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина велат дека парадата има и двојно значење бидејќи не е само еден убав настан и забава, туку и можност да ги изразат нивните барања да добијат еднаквост, да ги добијат просторот и правата што треба да ги има секој човек.

Сепак, истакнуваат дека ситуацијата е подобрена и во минатото беа направен чекори во правилна насока.

Поврзани новости