1.1K
Горан Пандев е прогласен за фудбалски херој од целата наша нација, откако синоќа лукаво постигна погодок против Грузија и не одведе на ЕП 2021 година.
Социјалните мрежи се преплавени со неговото победоносно славје, а очигледно е дека нашиот струмичанец премногу го респектираат и во Италија.
Неговиот фудбалски клуб Џенова на својот инстаграм-профил го измонтирал Пандев како светец, како „Свети Горан Пандев“.
После повеќе од 20 години, конечно нашата селекција ќе игра на големо фудбалски натпреварување, а токму Пандев е еден од најзаслужните за ваквиот неверојатен успех.