(ФОТО) Пандев, Елмас и Алиоски во прв план – официјална фотографија на нашата „армија“

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација ги брои последните часови до почетокот на средбата против Австрија на ЕП, прва историска во македонскиот репрезентативен фудбал.

Од објавите на социјалните мрежи, се констатира дека фудбалерите уживаат во престојот во Букурешт, а денеска тие правеа и официјална фотографија за ЕП 2020.

Мечот со Австрија е во недела (13.06) со почеток од 18 часот, а потоа следуваат дуелите со Украина и Холандија.

Поврзани новости