156
На социјалните мрежи од синоќа се шири селфи фотографија од Љупчо Палевски – Палчо, главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, на која покрај Палчо, се и зетот и внукот на убиениот пензиониран фризер од Велес.
На фотографијата која Палевски ја направил во Велес на пешачки премин, зад него се гледаат две лица кои ја преминуваат улицата, и кои според коментарите на социјалните мрежи, се токму зетот и внукот на Жежовски.
Коментарите се дека фотографијата наводно е направена откако Палчо веќе го убил Жежовски.