556
Снег падна вечерва во охридското село Куратица, кое се наоѓа на околу 1.100м надморска височина. Фотографиите ги споделија со нас од етно ресторанот „Дедо Димо“.
Врнежи на снег можат да се забележат и на други повисоки точки низ Македонија, како Маворово, Крушево, Попова Шапка, Пониква и Копанки.
Метеоролозите најавија пад на температурите следниве денови низ цела Македонија. Во среда и четврток се очекуваат минусни температури.