1.3K
Учениците низ земјава од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако претходно викендов им беа доделени лозинки со кои им е овозможен пристап
Од Министерството за образование и наука велат дека станува збор само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.
„Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови“, велат од МОН за Слободен печат.