832
Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дел се урнал дел од фасадата на владината зграда.
-Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме…, напиша Богоев во објавата со фотографиите.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе има донесено Наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата на Владата.
Во истрагата се опфатени четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни работи.