Љубица Мичиќ, вработена во Сбербанка, ранета е утринава рано во Ѕвездара, кога непознат маж на скутер ѝ пришол, ја тргнал кацигата и потоа испукал повеќе куршуми кон неа.
Се се одиграло кога тргнала на работа, на само дваесетина метри од зградата во која живее.
Судејќи според профилите на друштвените мрежи, Љубица работи во Сбербанка, со искуство во банкарство. Работела во повеќе приватни фирми, а од 2005 година до 2014 предавала економија во средното училиште Вук Караџиќ.
Во разговор за Курир.рс соседите откриваат дека Љубица била директорка во новобелградската филијала на Сбербанка, дека е разведена и мајка на една ќерка која во моментов е на летување.
Како штво тврдат соседите, улицата Бањска е мирна и едносмерна улица, а утринава биле изненадени кога виделе возач на скутер како влегува на улицата од спротивен правец. Кога Љубица се тргнала накај автомобилите, возачот на скутер запрел, ја тргнал кацигата и почнал да пука.
Соседите велат дека Љубица е разведена, но со сопругот е во исклучително добри односи, бидејќи имаат дете така што се сомневаат дека ова може да има врска со семејна кавга.
Прв на помош на Љубица ѝ пришол соседот кој од балкон слушнал вресок на улица, видел дека жена лежи, зграбил пешкир и истрчал да ѝ помогне.