(Фoтo) Отстранета плочата со карта на „голема Албанија“ во Сопот

by Fokus

Отстранета е плочата на која беше прикажана карта на „голема Албанија“ пред меморијалниот центар во Сопот, објави Сител телевизија.

Пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта.

Во кумановското село Сопот, викендов беше отворен музеј во рамки на меморијалниот комплекс кој е посветен на жртвите од нападот во Сопот на 4 ноември 1944 година. На настанот присуствуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потоа на Фејсбук објави фотографии од музејот, а под нив напиша:

„Нашата слобода е заснована во крвта на најдобрите синови и ќерки на нашата нација, во големината на нивниот патриотизам. Вечен нека им е споменот! Слава на сите маченици и маченици на нацијата!“

Фотографијата со картата на „голема Албанија“ предизвика бурни реакции во јавноста.

Премиерот Ковачевски истакнувањето на картата го оцени како задоцнето 145 години.

Фото: Сител телевизија

Поврзани новости