533
Средношколци кои протестираа против Договорот од Преспа оштетиле автомобил со македонски регистарски таблички паркиран во Солун. Како што пренесуваат грчките медиуми група демонстранти ја откорнале регистарската табличка, а возилото го мавале со ѓубре и јајца.
Според грчките медиуми демонстрантите биле испровоцирани од меѓународната ознака МК на табличките. Според Договорот од Преспа во иднина ознаката на регистарските таблички на возилата наместо МК ќе биде НМК.