553
Општина Берово денеска преку социјалните мрежи упати апел до граѓаните за помош при гаснење на пожарот кој денеска избувна над селото Митрашинци.
„Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелираме до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година“, велат оттаму.