446
Пред новата барокна зграда на Кривичниот суд утринава обвинетите во Титаник ги пречека ѓубре. Како што може да се види од фотографијата пред влезот на судот има разнесено отпадоци од претходниот ден кои очигледно не ги собрало во корпата за отпадоци.
Сепак набрзо, пред да стигнат сите обвинети, меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски, ѓубрето беше исчистено.
На денешното рочиште е предвидено да се слушаат бомби за изборните манипулации во 2013 година.