Политичар од Србија објави фотографии од возилото со кое беше киднапирана убиената скопјанка Вања Ѓорчевска.
Извесен Срѓан Ного за утре најавува и видео материјал.
Фотографијата која е извадена од снимката од безбедносна камера, според датумот на неа, е направена утрината кога Вања е киднапирана, на 27 ноември во 07:34 часот.
На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа (нема датум), се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.
„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панче Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишев, штипјанецот Велибор Манев и Боре Видески од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, пишува Ного на социјалната мрежа Твитер.
🔥🔥🔥 ЕКСКЛУЗИВНО објављујем снимак отмице Вање Ђорчевске од 27. новембра у 07.29.30 часова, као и све друге снимке отмичара које су забележиле камере. Такође ЕКСКЛУЗИВНО објављујем и снимак “отмице” Панча Жежовског, фризера из Велеса. Сазнаћете како је текла истрага и ко је у… https://t.co/yzaSp6tRDw pic.twitter.com/I3huL90i3v
— Срђан Ного (@srdjan_nogo) January 4, 2024
Тој споделува и фотографијата од возилото на бензинска пумпа.
„Палчо или Панчо? Ексклузивно: Снимка од Панче Жежовски на бензинска со неговиот `киднапер`“, напишал Ного.
🔥🔥🔥 ЕКСКЛУЗИВНО објављујем снимак отмице Вање Ђорчевске од 27. новембра у 07.29.30 часова, као и све друге снимке отмичара које су забележиле камере. Такође ЕКСКЛУЗИВНО објављујем и снимак "отмице" Панча Жежовског, фризера из Велеса. Сазнаћете како је текла истрага и ко је у… https://t.co/yzaSp6tRDw pic.twitter.com/I3huL90i3v
— Срђан Ного (@srdjan_nogo) January 4, 2024
Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства.
Велибор Манев, Боре Видески и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви.
Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште.
Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо.