Навивачите на Борусија Дортмунд имаа јасна порака против новиот изглед на фудбалската Лига на шампиони.
Новиот формат на Лигата на шампионите е тема за која многу се зборува, додека едни се задоволни од новата верзија други не се од промените.
Едни од нив се навивачите на Борусија, кои сметаат дека тоа нема врска со спорт – туку со профит.
На натпреварот помеѓу Дортмунд и Селтик (7:1), навивачите на јужната трибина, популарниот „Жолт ѕид“, развиорија транспарент на кој пишуваше „УЕФА МАФИЈА“, додека под него беше помал со порака „Вие не се грижите за спортот, само за парите“.
Интересна беше и третата, најмалата, која имаше веб-адреса, каде може да се најде заедничка декларација на 20-тина навивачки групи од Германија, Данска, Швајцарија, Шведска и Австрија, со цел реформирање на Лигата на шампионите.