885
Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа и својот трет тренинг на стадионот на Стеауа Букурешт во Романија.
Остануваат уште два дена до почетокот на Европското првенство, каде нашите играчи ќе ги одмерат силите со селекцијата на Австрија.
Расположението кај играчите очигледно е на високо ниво и атмосферата во македонскиот табор е одлична, што е добра увертира пред самиот настап.
Селекторот Ангеловски под будно око ги следи своите играчи, претходно додавајќи дека ќе направат се за да ја поминат групата на ова натпреварување.
Фото – ФФМ