672
Гласно ќе маршираме за нашите деца, нема да им дозволиме овие промени да поминат лесно.
Ова денеска го порачаа родителите и сите кои се против најавеното дигитализирање на учебниците од следната учебна година.
,,Не ви ги даваме децата” гласно коментираа родителите и просветните работници, најавувајќи дека ќе се борат да го добијат тоа што го најавуваат.
Голем дел од граѓаните се облечени во маички со знакот ,,стоп” и со колоритни пораки во рацете. На протестот се присутни и децата.
Текст и фото: Јорданчо Цветаноски