Фото: Моден стил на Груевски, блузи со В израз

by Fokus

Првата асоцијација на блузи со В израз е Никола Груевски, бившиот премиер, кој ваквите блузи, во разни бои ги носеше во текот на сите свои мандати и во разни пригоди. Без да консултира стилист, самиот решавајќи дека тоа е неговата кежуал варијанта на облекување или облека за свртување на вниманието од тежината на ситуацијата.

Имено, што подобро ќе сврти внимание од некоја бесмислено фрлена лопата, ако не зелена блуза на „в“ израз, без кошула под неа. И самото изговарање на вака избраната облека е речиси вулгарно, но не повеќе од конечниот ефект и впечаток што останува кај луѓето. Сите се прашуваат дали човекот нема вкус или намерно сака да ја скандализира јавноста со својот изглед.

Може да е и едното и другото. Една зелена тенка блузичка на „В“, на фрлање лопата не може да не остане забележана, како што не можеше да остане незабележана пинк розовата кошула што ја носи кога овој модел кошули се во мода.

О.Д.

 

 

Поврзани новости