Фото: Моден стил: Едноставно, Катица

by Fokus

Сите што зборуваат за начинот на облекување на Катица Јанева, ништо не прочитале за правилата на облекување во официјалните организации и институции, ниту за стилот.

Катица Јанева си обезбеди право за неа да не важат правилата на облекување поради функцијата што ја врши. Таа ја има привилегијата да биде она што е и да се облекува како што сака, па макар колку и да не им одговарале нејзините шарени ланчиња на очилата и сатенот на фустаните на локалните и површни посматрачи.

Сѐ што е недозволено да се носи во собрание или на работа за другите, Катица може да го прошета и во Собрание и на комисија и секаде, со гордост и пркос. Без око да ѝ трепне, својата голема црна чанта може да ја стави на рамо, стопати поубава од гломазните, препотентни црвени чанти на Мазнева.

Да не ни ја спомнуваме Рангелова. Во светот, во организациите каде што има пропишан дрес-код, секогаш има по некој кој поради она што претставува, се облекува различно од сите. Неформално и како што сака. Ете тоа е Катица. Сега нема поради престижната позиција да се претвори во Карла дел Понте или Ангела Меркел, дотолку повеќе што и тие се од привилегираните. Вон сите прописи, Карла прво што ставаше на маса кога ќе седнеше беше нејзината помпезна акт-ташна на Луј Витон со лого, па никој не ја прогласи за подвижна реклама. Привилегирана е.

Така што Катица е едноставно Катица. Не таа од почетокот на приказната за СЈО, туку оваа од продолжението. Борец против македонскиот криминал. И на крајот, кога ќе се спореди со сите руси, вулгарни, наконтени, жолтосани и острижени, па фенирани, ужасно претенциозни и нафракани вмровки, таа е мевлем на рана и празник за очите. Кога Рангелова мавта со својот жолт испеглан коњски опаш на главата, тоа не е невкусно, туку нападно.

Напред за Катица. Едноставна во својата намера да остане иста каква што била и претходно, Катица за која не важи фактот дека со облеката мора да се прилагоди на функцијата што ја добила. Нема ни потреба.

О.Д.

 

Поврзани новости