(ФОТО) МНР во сино и жолто во знак на солидарност на Украина

by Fokus

Македонското Министерство за надворешни работи вечерва е „обоено“ во боите на украинското знаме, како знак на поддршка по сите случувања во Украина.

„24 февруари е тажен ден за Украина и мрачен ден за Европа. Со нападот врз Украина, Кремљ уште еднаш грубо го прекрши меѓународното право со кое им донесе страдање и уништување на своите непосредни соседи и го прекрши суверенитетот и границите на Украина. Истовремено, ваквите дејствија го доведоа до прашање и мировниот поредок на нашиот континент. За ништо од ова нема оправдување. Војната и огнот не се шега, а употреба на сила и принуда нема место во 21 век“, напиша шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вечерва на Фејсбук.

Поврзани новости